Директорката на КОВЗРГ на средба со Архиепископот

Date:

Share post:

Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска ја оствари првата средба со Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан.

На самата средба беа упатени честитки до новоименуваната директорка, со желби за успешно извршување на доверената функција во насока на градење конструктивен дијалог помеѓу институциите и верските заедници.

Во меѓусебниот разговор беше потенцирано колку негувањето на духовниот светоглед, етичките норми и почитта се значајни за едно функционално општество кое ќе гради здрави генерации на македонско тло. Беа споделени иницијативи за идни можни соработки на полето на духовноста и институционалното признавање на одредени одлуки кои ќе дадат огромен придонес за државата.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија имале плодна и успешна соработка низ изминативе години и таа практика ќе продолжи и во иднина, како посебна заложба, стои во соопштението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here