Православната црква на Чешка и на Словачка одлучи да воспостави канонско општење со МПЦ-ОА, но од одлуката објава останува нејасно дали таа ја признава и автокефаслноста на МПЦ-ОА. Но сосема е јасно дека за оваа Црква, МПЦ-ОА е „Православна црква во Северна Македонија“ и никаде не се споменува Охридската Архиепископија.
Синодот на Православната црква на Чешка и на Словачка во одлуката пишува:
„ Светиот Синод ги разгледа и писмата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за возобновувањето на евхаристиската заедница со епархиите во Северна Македонија, како и писмата на Српскиот Патријарх Порфириј за реинтеграцијата на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на СПЦ и за доделувањето автокефалност на Православната Црква во Северна Македонија со патријаршиски и синодален Томос од 20 мај 2022 година. Овие канонски одлуки на сестринските Православни Цркви беа прифатени со благодарност на Бога за надминување на долгогодишниот раскол, стои во официјалната одлука.
Официјалниот сајт на МПЦ-ОА, пак објави дека оваа црква на синодската седница, одржана на 7 февруари 2023 година, „ги разгледа и ги прифати одлуките на Вселенската Патријаршија за враќање на нашата Света Црква во евхаристиско општење со сеправославната екумена и на Српската Патријаршија за доделување на автокефален статус на нашата Македонска Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија“, а насловот на веста е „Црквата на Чешките земји и на Словачка ја призна МПЦ ‒ ОА“, што не кореспондира со реалната одлука на Синодот на ПЦЧС.
Во одлуката не е прецизирано дали и како Архиепископот г.г Стефан е впишан, или не е впишан во Диптихот на оваа црква и со која титула.
Што се однесува до именувањето на црквата, тоа е сосема јасно, а името е „Православна Црква на Северна Македонија“, без воопшто да се споменува канонскоти име Охридска Архиепископија. Дел грчки медиуми веќе објавија дека Чешката и Словачка црква не го признава името Охридска Архиепископија.

