Повардарската епархија донира пакети со храна за лица со церебрална парализа

Date:

Share post:

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во седиштето на Повардарската епархија, донирани пакети со прехрамбени производи на семејствата на лица со церебрална парализа од Велес.

Како што денеска информираат од службата за информирање на Епархијата, Повардарската епархија има долгогодишна соработка со Здружението на лицата со церебрална парализа од Велес.

– Во пресрет на овие празнични денови, кога се наоѓаме во оваа тешка ситуација со пандемијата, сакавме со еден мал хуман гест на овие наши браќа и сестри да им кажеме дека не се заборавени и дека мислиме и на нив, потенцираат од Епархијата Повардарска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img