Бугарската православна црква одлучи да не учествува во ниту една заедничка активност со Папата Франциск, кој на 5 и 6 мај ќе допатува во посета на Бугарија.
Синодот на БПЦ одлучил да ја прифати само планираната средба на Франциск со Патријархот Неофит на 5 мај во Синодалната палата. За сите други планирани активности кои биле зацртани во предвидениот протокол, Синодот одлучил да не учествува.
-Посета на патријаршиската катедрална црква Свети Александар Невски е можна, но сакаме да Ви предочиме дека каква и да е форма на заедничко служење, или молитвено богослужење, како и носење на литургиски одежди, за нас е неприфатлива, како што тоа не го дозволуваат светите канони, пишува во одлуката на Синодот на БПЦ, потенцирајќи дека и во сите други точки од предвидената програма, учеството на претставници на БПЦ-БП е невозможно.
Синодот не дава благослов и ѓаконот Иван Иванов да биде преведувач за време на посетата на Папата Франциск, освен за време на посетата на зградата на Синодот и на црквата Св. Александар Невски.
Синодот на БПЦ своите одлуки ги испратил и во форма на писмо до Ватикан. За БПЦ посетата на Франциск на Бугарија е на покана од државните власти и порачува сите координации за тоа да се вршат во согласност со државните институции.


Потпуно исправно . Тако се дочекује јеретик. Свака похвала за БПЦ