Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков во врска со напад на џамијата во селото Џанех на западниот дел на сирискиот град, истакна дека во близина на споменатото село е пронајден дел од ракета тип AGM-114 која ја користат коалициските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
„ На подрачјето каде се случи експлозијата пронајден е дел од ракета од типот ‘AGM-114 Hellfire’ која ја користат коалициските сили”, изјави Конашенков на прес конференцијата.
Тој ги критикуваше западните медиуми кои ја обвинуваат Русија за воздушниот напад врз џамијата во сириското село, додавајќи дека пред да објават антируски вести треба темелно да се истражи целиот настан.
Тој исто така истакна дека пронајдениот дел на ракетата од типот ‘AGM-114 Hellfire’ ги побива обвиненијата изнесени против Русија.
„ Овој доказ ги побива обвиненијата на сметка на Русија”, порача, Конашенков, напоменувајќи дека Москва очекува соопштение на американските официјални претставници во врска со овој случај.
„Пронајдениот дел од ракетата не им дава право на коалициските сили да молчат. Очекуваме изјава на американските официјални претставници” , изјави Конашенков.
САД признаа дека извршиле воздушен напад во селото Џанех на западниот дел на сирискиот град Алепо, тврдејќи дека нивна цел не била џамијата, туку терористичката организација Ал Каеда.
Да потсетиме, во воздушниот напад на џамијата во селото Џанех на западниот дел на сирискиот град Алепо загинаа најмалку 58 додека ранетисе десетитци лица. Локалните официјални претставници наведуваат дека нападот се случил во моментот додека верницата во џамијата ја извршувале вечерната молитва.
/A.A.
