Почетна Анализа 20 години од отстапувањето на „цела Африка“ на Александриската Патријаршија од страна на Константинопол
20 години од отстапувањето на „цела Африка“ на Александриската Патријаршија од страна на Константинопол

20 години од отстапувањето на „цела Африка“ на Александриската Патријаршија од страна на Константинопол

493
0

Главната тема на моменталното заседание на Синодот на Александриската Патријаршија (10-12 јануари 2022 г.) е основањето на Егзархија од страна на Руската црква, како одмазда за признавањето на автокефалијата на Црквата на Украина. По овој повод, да се потсетиме на некои историски настани кои не им се познати на мнозина.

Низ интернетот, како би го оправдале својот упад, Русите го повторуваат фактот дека „историското, канонско владение на Александриската Патријаршија, согласно каноните на Црквата е Египет, Либија и Пентапол. Јурисдикцијата на Александриската црква се проширила на целиот африкански континент дури во времето на Патријархот Мелетиј (Метаксакис) во дваесеттиот век. Руската црква (како и други помесни цркви), само молкум го пазеле тој статус кво, во врска со овие територии“.

Но дали работите се такви? Не, се разбира. Во времето на Патријархот Мелетиј се случија разни придвижувања, бидејќи парохиите на Афика, како дијаспора, ѝ припаѓаа на Вселенската Патријаршија. Тогаш Фанар молкум го толерираше потчинувањето на овие општини под Александриската Патријаршија. По 74 години, поради икономија, Вселенската патријаршија издаде Томос (23 октомври 2001 г.) преку кој официјално ја предаде својата јурисдикција во Африка на Александриската Патријаршија, што претставува еден особен настан во патријархувањето на Вартоломеј.

Како што се наведува карактеристично во него: „бидејќи поради особените услови, [Александриската црква] може поособено да се грижи за огласувањето, осветувањето и пастирувањето на верните на Африканскиот континент и за понатамошно ширење на евангелското слово во африканските земји, […] видовме дека е основано и благословено да биде прифатено ова барање и самоволно, доброволно, со сета слобода и непринудно да се предаде на сестрата Црква на Александрија, која поднесе барање, целата наша одговорност и јурисдикција врз целиот Африкански континент и неговите острови“.

Зарем ова не го знае Москва? Нормално дека го знае, но не ѝ одговара во походот да завладее со светот.

/Панајотис Андриопулос

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *