Зошто овој бугарски пензионер си изградил црква во дворот?

Date:

Share post:

Приказната за пензионерот, Ангел Маринов од Русе е едно од најискрените признанија и исповед на неговиот грев кој долги години го носел со себе. Одлучил на 80 години да го направи она, што себе си си го ветил пред 40 години. Во својот двор изградил мала дрвена црква, во која секојдневно пали свеќи. Но, тој не е единствен кој во дворот на куќата покрај Дунав, пали свеќи во оваа црква. Сите соседи, пријатели, а дури и непознати секојдневно доаѓаат да запалат свеќа и да се помолат. Ангел никого не го спречува во тоа.

Но, приказната за оваа мала дрвена црква, што ја објави бугарскиот весник „24часа“, ќе Ве остави без зборови.

Ангел Маринов, со изградбата на оваа црквичка, сакал да си го искупи гревот пред Господ, затоа што учествувал во рушењето на црквата „Сите Светии“ во Русе.

-Своевремено поранешниот кмет(градоначалник) на Русе, Димитар Аврамов се собра сите општински работници за да ја срушиме Црквата. Јас работев во Комунална хигиена. Вечерта не собра и ни рече:„Утре, кој не дојде да го рушиме Храмот „Сите Светии“, за знае дека веќе не е на работа, го раскажал својот грев, Маринов за бугарските медиуми.

Така и се случило, на 26 октомври 1975 година, по наредба на Градскиот народен совет, светиот храм е срамнет со земја.

-Откако не собраа, почнавме да уриваме. Со сајли дебели колку моите раце ги врзавме столбовите и два камиони влечеа за да паднат столбовите. Таа црква русенци ја имаа изградено со стотинки од баби и дедовци, но на крајот ние ја срамнивме со земја. Тогаш си реков, еден ден кога ќе се ослободиме, ќе си направам минијатурна црквичка, колку толку да му се раздолжам на Господ. Ако имам некои гревови, да ми ги прости. Тоа што ме принудија да учествувам и да извршам неправда кон религијата, кон Бога, решив да го искупам на некаков начин, раскажал 80 – годишниот пензионер.

Ангел Маринов цел живот изработувал мебе. Црквата ја почнал во јануари 2013 гидина, а за четири месеци веќе ја имал дрвената црква во својот двор. На 24 мај го повикал и локалниот свештеник кој извршил освет на Црквата.

-Желбата ми беше јас духовно да се ослободам од гревот, кој што сум го заслужил. Сметам дека на овој начин сум се покајал,  вели Ангел.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...