Софиската Синагога трета најубава во светот
293
0
Еврејската синагога во Софија е меѓу трите најубави синагоги во светот. Рангирањето на еврејските храмови, што го направил светскиот туристички сајт, „Culture Trip“, ја вброил Синагогата во Софија на трето место.
На второто место е Големата синагога во Будимпешта. Таа воедно е и најголемиот еврејски молитвен храм во цела Европа. На служба во него можат да се соберат и 3000 луѓе. Изградена е во 1859 година.
Според сајтот, најубава Синагога во светот е Големата Синагога во Санк Петерсбург во Русија. Изградена е во 1893 година. Целосно е реставрирана во 2003 година.
Бугарската Синагога во Софија официјално е отворена во 1909 година.
Интересен момент е што во ова рангирање на „Culture Trip“ нема ниту една Синагога од Изграел.