Почетна Вести Суспендиран борецот против сексуалното злоставување деца во Ватикан
Суспендиран борецот против сексуалното злоставување деца во Ватикан

Суспендиран борецот против сексуалното злоставување деца во Ватикан

121
0

Еден од најистакнатите членови на папскиот совет за заштита на децата од сексуални злоставувања на свештеници, Петер Сандерс е разрешен од советот, но тој одбива да се повлече, иако советот во саботата му изгласа недоверба.

Сандерс, кои како дете бил жртва на злоставување од двајца свештеници, не бил известен за одлуката на папскиот совет за негово разрешување.

-Ниту сум се повлекол, ниту пак ќе се повлечам. Единствената личност која може да ме смени е онаа, која и ме именуваше – Папата, изјавил Сандерс за новинарите.

Во негова одбрана застанале и дел од основачите на ова ватиканско тело за заштита на децата, посочувајќи дека обидот на папскиот совет да го исфрли најистакнатиот член, кој и како жртва поминал низ тоа искуство, фрла огромен сомнеж врз интегритетот и независноста на ова тело.

Оваа разрешување на Сандерс доаѓа непосредно по неговите сериозни критики упатувани на адреса на Ватикан. Сандерс проговори за наводното прикривање на случај на злоставување во Чиле.

Во 2015 Сандерс ги разбранува духовите, оспорувајќи го назначувањето на Австрискиот кардинал на функцијата во Секретаријатот за економија, кој требаше да ги спроведе финансиските реформи во Ватикан. Тој го обвини Кардиналот Пела дека во минатото се обидел да прикрие случај на злоставување на малолетник.

Скандалот со сексуално злоставување деца, во светот стана актуелен во 2001 година во Бостон, потоа се прошири насекаде, откако истрагата покажа дека сторителите биле преместувани од еден регион во друг, наместо да бидат судски гонети.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *