За Кочани, со срце – МТЕЛ Македонија донира 3.000.000 денари и повикува на солидарност

Date:

Share post:

Деновиве, Кочани минува низ тешки моменти. Семејства се соочуваат со загуби, домови се уништени, а целата заедница е погодена од оваа трагедија. Во вакви времиња, најголемата сила лежи во човечноста, солидарноста и заедничката поддршка.

Како компанија што гради поврзаност и ја става заедницата во свјот фокус, МТЕЛ верува дека секој гест на добрина има моќ да направи разлика. Сега е моментот да покажеме дека сме заедно, дека подадената рака може да донесе надеж и дека никој не треба да се чувствува сам во оваа несреќа.

„Со длабока емпатија и желба да дадеме конкретна помош, МТЕЛ донира 3.000.000 денари на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ. Ова е само дел од нашата заложба да помогнеме во овие тешки моменти, но знаеме дека помошта не треба да запре тука. Заедно можеме повеќе, заедно можеме да дадеме надеж, да им помогнеме на оние што изгубија најмногу.“ – изјавуваат од МТЕЛ Македонија и додаваат дека во овие тешки мигови, МТЕЛ е со Кочани.

Затоа Ве повикуваме сите – да бидеме заедно во солидарноста. Секој од нашите корисници од денес може да помогне со едноставен повик на 143400 или со директна донација на сметката:

Фонд на солидарноста на Црвениот крст на РСМ
Сметка:
300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална банка
Назнака:
„Помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани“

Mожеби не можеме да ја избришеме болката, но можеме да бидеме потсетник дека никој не е сам во најтешките моменти.

МТЕЛ за Кочани. За луѓето. За хуманоста.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...