Папата Франциск го имаше своето прво официјално појавување во јавноста пред голем број верници откако боледуваше од пневмонија.
88-годишниот поглавар на Римокатоличката црква помина пет недели на лекување во римската болница Гемели, откако страдаше од билатерална пневмонија. И покрај неодамнешниот престој во болница, за време на кој неколку пати беше во „критична состојба“, папата Франциск беше виден како во инвалидска количка се спушта по рампата на плоштадот Свети Петар во Ватикан. За време на неговото прво вистинско јавно појавување, откако го продолжи закрепнувањето надвор од болницата, папата упати кратка порака од бината.
Верници собрани на плоштадот Свети Петар му приреди громогласен пречек на папата при неговото прво официјално појавување во јавноста. Папата носеше цевка за кислород за да добие дополнителен кислород за време на неделниот настан пред приврзаниците и ватиканските кардинали.
Тој беше пуштен од болница на 22 март, кога накратко се појави на балконот од болницата и им мавташе на насобраните верници покажувајќи ја својата желба што поскоро да се врати на обврските. Папата Франциск долго време се бори со респираторни проблеми – дури и како млад човек му беше отстранет дел од едното белодробно крило.

