Бесплатна ИТ едукација за деца без родители

Date:

Share post:

Триесетина деца од 1-во до 9-то одделение посетуваат бесплатна едномесечна едукација во Детската ИТ академија Еверест (www.everest.mk).

Оваа детска ИТ aкадемија Еверест e уникатна образовна програма чија главна цел е да помогне децата да осознаат голем број различни професии на интересен и мотивирачки начин, со истовремено усовршување на компјутерските вештини и стекнување лични вештини.

Станува збор за тематски, проектно базирани, активности во кои децата добиваат улоги од определена професија, но и предизвици од реалниот живот (прилагодени на нивната возраст) кои треба да ги решат. Решавајќи реални проблеми, освен што ќе стекнат компјутерски вештини, децата ќе се запознаат со различни професии, подобрувајќи ја самодовербата, способноста за критичко размислување и многу други лични вештини. За сето време, учениците се поттикнуваат да истражуваат, бараат, откриваат, да го развиваат своето размислување и расудување и стекнатото знаење да го користат за нивното добро и за општеството во целина.

„Академијата е фокусирана на децата, посебно на децата без родители. Во духот на мудроста на Конфучие – „на гладниот не мудавај риба, научи го да лови“ – на децата без родители во соработка со Министерство за труд, демографија и млади и детскиот дом „11 Октомври“ од Скопје обезбедуваме компјутери, обуки и ментори“, објаснува Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ и истовремено, управител на Марјановиќ Едукација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...