Велигденска честитка на бискупот Стојанов: Не бој се, стадо мало – Алилуја!

Date:

Share post:

Католиците утре го слават Христовото Воскресение – Велигден. Скопскиот Бискуп Киро Стојанов испрати велигденска честитка во која фокусот го става на најавената посета на Папата Франциск на Македонија.

-Исус после Воскресението при секој поздрав своите ученици ги поздравуваше со „Не бој се и Мир вам!“ Како гесло на Апостолската посета на Папата ги зедовме Исусовите зборови од евангелието според Лука „Не бој се, стадо мало“. При тоа мислиме на малобројната Католичка заедница од римски и византиски обред кај нас, но мислиме и на нашата Татковина во светски рамки. Ниту сме големи, ниту сме моќни, но се надеваме и уверени сме дека Исус и денес не поздравува со: „Мир вам! Не бој се, стадо мало!“. Со овој поздрав и јас ве поздравувам, исполнет со радост што Неговата Светост – Папата ни доаѓа во посета на нашата Земја, на нашиот град – родниот град на свeта Мајка Тереза – Скопје. Веруваме дека Тој ќе ни го навести Христовиот мир, ќе не охрабри и ќе ни ја зајакне нашата надеж да не се пребројуваме според бројот, туку да настојуваме својот живот да го направиме богат во даровите кои само Бог може да ни ги дарува. Во многу сфери на нашата цивилизација и култура полагаме испит на опстанок и затоа се молиме прославениот и воскреснат Бог, преку оваа Апостолска посета, нѐ обнови во духот, зајакне во мирот и зацврсти во заедништвото со сите луѓе со добра волја што на ова земја и на сите граѓани во неа им посакуваат напредок, соживот, успех, а пред сѐ мир. Нека доаѓањето на Папата, на секој верник и секој човек во нашата Татковина ги зајакне чекорите за мир, сигурност во животот и надеж за подобро утре. Со тие мисли се среќаваме во славата на Воскресението и нашиот Господ Исус Христос што не прави способни да можеме искрено да порачаме: „Не бој се, стадо мало!“ – Небесниот Отец ви го предаде Царството на животот. Христос воскресе!, стои во пораката на Бискупот Стојанов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...