Почетна Вера ИВЗ Светата ноќ – Берат Кандил одбележана во Скопје
Светата ноќ – Берат Кандил одбележана во Скопје
0

Светата ноќ – Берат Кандил одбележана во Скопје

107
0

Во Скопје се одбележа светата ноќ, Берат Кандил, која се смета за ноќ предвесник на месецот на постот, Рамазан, а по повод оваа ноќ се одржа програма во Мустафа Пашината џамија, јавува Anadolu Agency (AA).

Настанот беше организиран од страна на Советништвото за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје и Исламската верска заедница на Северна Македонија.

Мурат Алкан, советник за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, наведе дека на балканските простори светите ноќи поминуваат многу добро и со големо учество на верниците.

Тој, заблагодарувајќи им се на гостите од Турција што вечерва присуствуваат во Скопје по повод светата ноќ, Берат истакна:

„Ова ноќ се нарекува Берат. Зборот Берат значи простување. Се надевам дека ние како муслимани вечерва ќе ги подигнеме нашите раце кон небото, и ќе побараме простување и милост од Бога”, нагласи Алкан.

Програмата започна со рецитирање на Куран и со интерпретирање илахии (духовни песни) од страна на гостите од Турција и учесници од земјава.

На одбележувањето на светата ноќ, присуствуваа Д-р. Фатих Коџа од факултетот за теологија при Универзитет Анкара, Реџеп Шукри Балкан, муфтија од Измир, Мустафа Бодур, директор на Верски високообразовен центар во Анкара, Исхак Кизиласлан, професор на Универзитетот Мармара, Ебрулах Акбаш, имам на Џамијата Лалели, Ибрахим Чобан и Бунјамин Озчифт, муезини во џамијата Султан Ахмет во Истанбул.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *