Почетна Вести Христијанство Монахињите од Рајчица изработија величествена Плаштеница за црквата Свети Николај во Аеродром
Монахињите од Рајчица изработија величествена Плаштеница за црквата Свети Николај во Аеродром

Монахињите од Рајчица изработија величествена Плаштеница за црквата Свети Николај во Аеродром

337
0

Верниците од црквата Свети Николај Чудотворец во Аеродром, годинава за Велики Петок ќе се поклонат пред Плаштаницата со Христовото тело положено во гробот, што специјално за оваа црква ја изработија монахињите од манастирот во Рајчица.

Станува збор за Плаштаница која е е личен дар од семејство Стефановски од Скопје, за свештенослужителот при овој храм во Аеродром, отец Бобан Митевски.

-Овој ревносен свештеник, познавајќи ја особената љубов кон благолепието на браќата и сестрите од нашите Обители, а и посветеноста со вера и молитва да се изработуваат вакви свештени предмети за потребите на Црквата, посака токму од Рајчичката Обител да се нарача оваа раскошно навезена реликвија. Обителта му е благодарна на отец Бобан, што ја удостои во овие свети денови на Великиот Пост, работејќи на оваа плаштаница, постојано да се потсетува на Крстните страдања на нашиот човекољубив Господ, велат од манастирот во Рајчица.

Изработката на плаштаници е древно и многу благородно занимање. Плаштаницата го символизира Христовото тело положено во гробот и ова везено платно, украсено со Христовиот лик прекрасно го надополнува благолепието во храмот  во најсветите моменти од богослужбата на Велики Петок.

Монахињите од Рајчичкиот манастир на свети Георгиј Победоносец, кои веќе имаат изработено неколку плаштаници, велат дека во изминатиов период на Великиот Пост со посебна љубов се посветиле на изработката на златовезена плаштаница и за храмот посветен на св. Николај Мирликиски Чудотворец во населбата Аеродром, Скопје.

-Иако овој храм е просторно мал, сепак, живиот храм е голем по својата ревност кон верата и Светото Предание. Така и во оваа благочестива намера да се поседува ваква реликвија, се покажува љубовта кон благолепието на свештенослужителот и народот Божји кој се црквува при храмот, а која е резултат на живото сведоштво од времето поминато при личноста на нашиот возљубен Старец, архимандрит Партениј, во прекрасниот амбиент на Бигорскиот манастир, велат сестрите од Рајчица.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *