Рускиот Патријарх бара забрана за абортусот

Date:

Share post:

Патријархот московски и серуски Кирил потпиша писмо во коешто се повикува на потполна забрана на абортусот во Русија, соопшти за медиумите Александар Волков, портпарол на поглаварот на Руската православна црква.

kiril-patrijarh-ruskiИницијативата која е покрената во согласност со Комисијата за семејни прашања, заштита на мајчинството и детинството на Руската православна црква, меѓу другото, повикува и оние бебиња кои се штотуку зачнати, да се прогласат за човечки суштества, со законско право на живот, здравје и благосостојба. 3а собирање на потписите за иницијативата се задолжени Руското општествено движење „За живот” и здружението „Православни доброволци”.

Во документот понатаму се предлага забрана на престанок на бременоста, хируршки или со помош на лекови, средстава против контрацепција и други помошни репродуктивни помагала, коишто се составен дел, како што се наведува, „понижувањата на човековото достоинство и убиствата на деца кои се наоѓаат во почетната фаза на својот ембрионален развој“.

– По потпишувањето на писмото, патријархот Кирил им се заблагодари на учесниците во акцијата и ги благослови, додаде Волков.

Иницијаторите предлагаат на бремените жени и на семејствата да им се даде материјална помош од федералниот буџет во висина на минимална плата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...