Почетна Вести Бурките забранети и во Швајцарија
Бурките забранети и во Швајцарија

Бурките забранети и во Швајцарија

115
0

Долниот дом на швајцарскиот парламент го поддржа воведувањето забрана за покривање на лицето, повторувајќи ги преземените мерки во соседна Франција и други европски земји.

Ова се мерки за зајакнување на контролата по исламистичките напади, пренесоа агенциите.

burka-svajcarijaМерката, иницирана од десниот политичар Валтер Вобман – кој поведе успешна кампања за забрана на изградба на нови минариња во 2009 година – треба да биде прифатена и од горниот дом и владата за да стапи на сила.

Вобман кој е претставник на антиимигрантската Швајцарска народна партија, вели дека забраната ќе ја зачува швајцарската култура и ќе го ограничи радикалниот ислам. Тој инсистира и за референдум за ова прашање.

Според една анкета од август, 71 процент од Швајцарците одобруваат усвојување на национална забрана на бурки.

Околу 5 проценти од жителите на Швајцарија се муслимани.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *