Почетна Вера Поглаварот Реџепи ја отвори џамијата во Тработивиште
Поглаварот Реџепи ја отвори џамијата во Тработивиште

Поглаварот Реџепи ја отвори џамијата во Тработивиште

133
0

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи вчера свечено ја пуштил во употреба реконструираната џамија во Тработивиште, делчевско.

Обновувањето на џамијата се случува по 100 години.

trabotivisteНема точни податоци колку е стар овој верски објект, но според градбата, се претпоставува дека е граден пред повеќе од 3 века. Неговата изградба се врзува со Челеби Заде, а џамијата е посветена на Мухамед Ибин Ибрахим Ага.

Објектот долги години пропаѓаше и со поддршка на ИВЗ и со општината беше обезбеден проект за санација и заштита. Финасиски реконструкцијата ја помогнало семејството на Ферки Демировски.

Во делчевско Тработивиште до 50-тите години на минатиот век половина од населението било турско, а денес овде живее само едно турско семејство, но и повеќе ромски, кои го прифатиле Исламот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *