Свештеник на Руската православна црква, Отец Валериј Колесников стана хит на социјалните мрежи, откако се појави видео во кое тој танцува со сабја. Видеото е е снимено на Конференцијата за интеракција на Руската Православна Црква и Козаците од 20 ноември. По овој настан Отец Валериј диби епитет “Руски самурај”.
Инаку овој свештеник на РПЦ целиот свој живот е активно вклучен во спортот, а поседува и црн појас во аикидо.
– Мојата цел е да и се донесе љубов на татковината, да ги научам младите во тешки времиња за да се заштити, изјавил свештеникот по објавувањето на Видеото.
Јавноста реагирала различно, но само на РИА Новости, видеото има повеќе од 370.000 прегледи. Коментарите на социјалните мрежи се од восхитување, па до осуда за ракување со оружје на свештеникот.

