Разрешен поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи

Date:

Share post:

Риасетот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница. Одлуката била донесена со двотретинско мнозинство.

– Врз основа на записникот на вонредната седница на мнозинството на риасетот на ИВЗ на Република Северна Македнија одржана на 27.5.2020 година, со почеток во 10 часот, ние долупотпишаните врз основа на член 36 и 58 на Уставот на ИВЗ, кои ги сочинуваат повеќе од 2/3 мнозинство на риасетот на Република Северна Македонија, едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сумејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на ИВЗ – рече Ефенди Шаќир Фетаху, кој истовремено е поставен како вршител на должноста претседател на ИВЗ, до подготвување на новите избори за избор на претседател на ИВЗ.

Одлуката стапува во сила од денеска. На неа се потпишани самиот Фетаи, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, тетовскиот муфтиа Ќани Несими, муфтијата на Куманово, Абедин Имери, на Струга, Салим Сулејмани.

Истовремено, на оваа одлука се потпишани и Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација кој функционира во склоп на ИВЗ, „Хилал”, професор Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за Исламски Науки, директорот за дијаспората Селвер Џемаили, членот на ријасетот Фадил Рамадани и други.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...