Ваша Светост, возљубен Брат во Христа, папа Лав,
Со чувство на искрена радост и благодарност, денес повторно Ве пречекуваме денес во овој свештен центар на Православието, како што Вселенскиот патријарх Атинагора го пречека папата Павле VI, како што Вселенскиот патријарх Димитриј го пречека папата Јован Павле II, и како што нашата скромност ги пречека Вашите славни претходници Бенедикт XVI и Франциско. Денес Вам Ви укажуваме добредојде во чесната Патријаршиска црква на свети Георгиј, каде ја отслуживме Божествената Литургија по повод празникот на светиот апостол Андреј Првоповиканиот; на која го слушнавме евангелското читање што потсетува на призивот на двајцата браќа — Андреј и Петар — првите апостоли на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Светиот апостол и евангелист Јован Богослов раскажува дека Андреј бил еден од двајцата ученици на свети Јован Крстител, кој им го посочил Исус Христос, велејќи: „Еве Го Јагнето Божјо!“ Андреј не само што веднаштргнал по Него, туку го нашол и својот брат Симон и му рекол: „Го најдовме Месијата“, па го одвел кај Господа, кој му рекол: „Значи, ти си Симон? Ќе бидеш наречен Кифа – Петар“ (Јн. 1:35–42). Така, по овој призив, двајцата браќа ги оставија рибарските мрежи на брегот на Галилејското Море за да станат ловци на луѓе, фрлајќи ги мрежите на Црквата преку проповедта на Благовестието за спасението до краиштата на земјата.
На овој торжествен јубилеен ден, не нè собира само споменот на Првоповиканиот Апостол, туку и присуството меѓу нас на драгоцените свети мошти на двајцата браќа-апостоли, великодушно подарени од Вашите претходници. Дополнително, не можеме да го игнорираме тоа дека иконата на братскиот целив на светитеПетар и Андреј повеќе од половина век е симбол на нашето заедничко патување кон христијанското единство, постојано потсетувајќи го светот дека „Го најдовме Месијата“.
Како наследници на двајцата свети Апостоли, основачите на нашите Цркви, се чувствуваме врзани со врски на духовно братство, кои нè обврзуваат ревносно да го проповедаме спасителното слово во светот. Вашата благословена посета денес — исто како и посетите на делегации по повод нашите престолни празници — не може да се сведе на протоколарни гестови, туку, напротив, многу конкретно и лично ги изразува нашето длабоко посветување на стремежот кон христијанско единство и нашата искрена аспирација за целоснообновување на црковното единство.
Ова стана возможно пред 60 години, со симнувањето на анатемите од 1054 година меѓу Рим и Константинопол, на 7 декември 1965 година. Во почитуваната Заедничка декларација, папата Павле VI и Вселенскиот патријарх Атинагора ја изразија својата заедничка увереност дека „одговараат на повикот на таа божествената благодат која денес ги води Римокатоличката и Православната Црква, како и сите христијани, да ги надминат своите разлики за да можат повторно да бидат ‘едно’, како што Господ Исус побара од својот Отец“ (Заедничка декларација, 1).
Така, овој историски настан, по „зимата“ на поделбите, со право може да се нарече духовна „пролет“ за нашите Цркви, отворајќи ново поглавје во нашите односи и обновен обид да ги надминеме разликите од минатото. Како што тогаш беше нагласено, „со дејството на Светиот Дух тие разлики ќе бидат надминати преку прочистување на срцата, преку жалење за историските грешки и преку ефикасна решителност да се достигне заедничко разбирање и изразување на апостолската вера и нејзините барања“ (исто, 5).
Верноста кон апостолската вера е токму значењето на овогодинешното одбележување на 1700-годишнината од Првиот Вселенски собор во Никеја, со чие одбележување се совпаѓа и Вашата посета. Затоа, во овој дух, нашето заедничко поклонение завчера на ова историско место на христијанството, заедно со Неговото Блаженство Папата и Патријарх Теодор Александриски и официјалните претставници на Нивните Блаженства Патријарси Јован Антиохиски и Теофил Ерусалимски, со кои денес сослужувавме Божествена Литургија, во никој случај не може да се сведе само на интерес за настан од минатото. Символот на верата објавен од Никејскиот собор се покажува како исповед што ги надминува просторот и времето, потврдувајќи ја верата на Црквата примена од Апостолите. „Едно тело е и еден Дух, како што бевте призвани кон една надеж кога бевтеповикани; еден Господ, една вера, едно крштевање; еден Бог и Отец на сите, Кој е над сите и преку сите и во сите“ (Еф. 4:4-6), како што е мотото на Вашето апостолско патување.
Божествено вдахновен од дејството на Светиот Дух, Првиот вселенски собор во Никеја го зацврсти црковнотоединство. Како што сведочи свети Атанасиј Александриски во своето писмо до африканските епископи, соборот беше свикан од цар Константин најнапред за да се реши разделбата предизвикана од аријанската ерес, како и за да се утврди заедничка дата за годишното празнување на Пасха — Воскресението на нашиот Господ Исус Христос, темелот на нашата вера (PG 26, 1032CD). Навистина, „ако Христос не воскреснал, празна е нашата проповед и празна е вашата вера“ (1 Кор. 15:14). И денес Првиот вселенски собор останува темел на стремежот за христијанско единство. Неговиот Символ на верата, неговите канони и одлуките, особено таа што се однесува на воспоставување заеднички критериум за пресметување на Пасхата, претставуваат заедничко наследство на целото христијанство, и само со продлабочување на ова богато наследство, поделените христијани ќе се приближат едни до други и ќе го постигнат своето многу посакувано единство.
Како што нè потсети и Светиот и голем собор на Православната Црква (Крит, 2016), „одговорноста на Православната Црква за единството и нејзината екуменска мисија беа формулирани од Вселенските собори. Тие особено го нагласија нераскинливиот однос меѓу вистинската вера и евхаристиското општење“ (Односите на Православната Црква со остатокот од христијанскиот свет, 3). Исто така, се нагласува дека верата во Троичниот Бог, Отецот, Синот и Светиот Дух, и во Единиот Господ Исус Христос како Бог и Спасител во согласност со Светото писмо и со Никео-цариградскиот символ на верата е суштинскиот критериум за вклучување на Православната Црква во Екуменското движење, нејзиното членство во Светскиот совет на црквите и Конференцијата на европските цркви, како и нејзиното учество во билатерални и мултилатерални теолошки дијалози (види Исто, 19).
Обележувајќи ги овие благословени јубилеи, се радуваме што симнувањето на анатемите, кое го отвори „дијалогот на љубовта“, доведе и до „дијалогот на вистината“ во рамките на Меѓународната мешовита комисија за богословски дијалог меѓу нашите две сестрински Цркви. Работата што трае веќе 45 години, започнувајќи од она што ни е заедничко, изгради дух на братство и меѓусебна доверба, што денес им овозможува на нашите Цркви да ги разгледаат и да ги надминат тешките прашања од минатото и да нѐ водат кон обновување на целосното општење.
Особено е значајно што размислувањето за Синодалноста и Приматот, развивано во последниве години во рамките на Комисијата, се покажа како извор на инспирација не само за нашите сестрински Цркви, туку и за остатокот од христијанскиот свет. Можеме само да се молиме прашањата како „Filioque“ и непогрешливоста — кои моментално се во разгледување во Комисијата — да бидат решени така што нивното разбирање повеќе нема да служи како пречка за заедништвото на нашите цркви.
На крајот на краиштата, христијанското единство не е луксуз. Тоа е последната молитва на нашиот Господ: „за да бидат сите едно“ (Јн. 17:21) и темелен услов за мисијата на Црквата. Христијанското единство е императив, особено во нашите бурни времиња, кога светот е растргнат од војни, насилство и секаков вид дискриминација, додека е опустошен од желбата за доминација, потрагата по профит и неограничената експлоатација на природните ресурси.
Соочени со толку многу страдања, целото создание што „воздивнува“ (Рим. 8:22) очекува обединета порака на надеж од христијаните, недвосмислено осудувајќи ги војната и насилството, бранејќи го човечкото достоинство и почитувајќи го и грижејќи се за Божјото создание. Не можеме да бидеме соучесници во крвопролевањето што се случува во Украина и во други делови од светот и да молчиме пред лицето на егзодусот на христијаните од лулката на христијанството или да бидеме рамнодушни кон неправдите што ги трпат „најмалите браќа“ на нашиот Господ (Мат. 25:31-46). Не можеме да ги игнорираме проблемите со загадувањето, отпадот и климатските промени. Мора да дејствуваме како миротворци (Мат. 5:9), да се покажеме како оние што гладуваат и жедуваат за праведност (Мат. 5:6) и мора да се однесуваме како добри управители на созданието (1. Мој. 1:26).
Ваше Светост,
Со овие смирени мисли, ја изразуваме нашата длабока благодарност за Вашата посета на нашиот Град и неговата Црква и за Вашето учество во овие торжествени свечености. Нека нашите свети и велики основачи и заштитници — славните и сефалени апостоли Андреј Првоповиканиот и Петар Претвoрениот — посредуваат за сите нас пред Оној кому Му служeа и Кого Го проповедаа „до краиштата на светот“. Нека продолжат да нè вдахновуваат со ширината на својата црковна визија и со ревноста на својата апостолска мисија, за да можеме да го продолжиме нашето заедничко патување во стремеж по христијанско единство и да сведочиме заедно, за да поверува светот дека „Го најдовме Месијата“.
Со овие скромни мисли, сакаме да ја изразиме нашата огнена благодарност за Вашата посета на нашиот Град и неговата Црква и за Вашето учество на овие торжествени свечености. Нека нашите свети и големи основачи и заштитници – светите славни и сефални апостоли Андреј Првоповиканиот и Петар Корифејот – посредуваат за сите нас пред Оној на кого верно Му служеа и Го проповедаа „до краиштата на светот“. Нека продолжат да нè вдахновуваат сите нас со ширината на својата црковна визија и со ревноста на својата апостолска мисија, за да можеме да го продолжиме нашето заедничко поклонение во потрага по христијанското единство и да сведочиме заедно, за да може светот да поверува дека „Го најдовме Месијата“.
Уште еднаш, добредојдовте, возљубен брате во Христа!

