Во пресрет на претстојниот патронен празник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија отслужил молебен за светите браќа.
На богослужбата присуствувале Ректорот на Универзитетот Велимир Стојковски, Претседателот на МАНУ академик Таки Фити, декани, продекани, Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија Олег Шчербак.
ГАЛЕРИЈА:









