Почетна Вести Осветување на нова црква во Велес
Осветување на нова црква во Велес

Осветување на нова црква во Велес

790
0

Голем собор на кој ќе биде осветен новоизградениот храм „Свети Козма и Дамјан“ организира Повардарската епархија во Велес в сабота 21 мај 2016 година.

crkva veles 4Чинот на осветување на болничкиот новоизграден храм во Велес ќе го изврши, митрополитот Повардарски  Агатангел, а потоа заедно со свештеници на епархијата ќе ја отслужи и првата литургија во оваа црква.

Болничкиот храм „Свети Козма и Дамјан“ е едена од значајните цркви за Велешани.

-Градењето на нов Божји храмови, македонскиот православен народ отсекогаш го разборал како градење на својот национален идентитет и на својата совесна христијанска личност. Македонецот уредно се грижел за зачувување на наследеното, но и за преземање нови творечки потфати во слава на едниот вистински и жив Бог. Преку изградбата на нашите духовни светилишта добронамерните ктитори и градители, преку делата на своите раце, со својот труд и посветеност се вградуваат и себе си како живи камења во Светата Црква Христова, велат од Повардарската епархија.

crkva veles 2Камен темелникот на оваа црква беше поставен на Hа 23 октомври 2011 година во дворот на Општата Болница во Велес. Осветувањето на камен-темелникот го извршија Митрополитот Повардарски г.Агатангел во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и бројно свештенство од двете епархии.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *