Коѕијас: ГПЦ треба да го поддржи Вартоломеј во напорите за признавање на автокефалноста на Охридската Архиепископија

Date:

Share post:

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас открива дека Вселенската Патријаршија веќе подолго време работи на решавање на канонскиот статус и признавањето на автокефалноста на МПЦ, под древното име на Охридската Архиепископија, посочувајќи дека тоа е нејзино канонско право, а Грчката Православна Црква е таа која тоа треба да го поздрави.

Коѕијас во интервју за ЕРТ вели дека ГПЦ не е таа која треба да биде засегната од името на БЈРМ и дека таа цело време знаела за дипломатската активност на Вселенската Патријарпија.

-„И што знаеше ГПЦ? Дека во тек се преговори помеѓу Црквата во Скопје и Вселенската Патријаршија, нешто што Светиот Синод требаше да почитува. Овие преговори траат една година, беа во развој во јануари и февруари и тие го знаеја тоа. Бидејќи пред сѐ е ‘царевото на царот, а Божјото на Бога’, нив (ГПЦ, н.з.) не ги засега името. Како граѓани ги засега, но како институција не е нивно прашање и ако се мешаат во политика, потоа нека не се бунат ако политиката се меша во Црквата – нешто што јас не го посакувам. Исто така, не е нивни предмет тоа дали ќе се признае нивната автокефалија или што било друго, зашто тоа е прашање на Вселенскиот Патријарх, а не на Светиот Синод на ГПЦ, тоа не е нивни предмет. И трето, ако прашањето оди кон решение – а оди – добро е да не се мешаат и да го остават да се реши; уште подобро било, пак, да го поддржат тоа решение, изјавил Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија смета дека Архиепископот Јероним има мудрост, кротост и смиреност за да се справи со ова прашање и мисли дека самиот тој длабоко во себе, во својата Христијанска вера, има дојдено до заклучок дека ова што го прави Вселенската Патријаршија во поглед на прашањето на Црквата во Скопје е добро.

-Што прави Вселенската Патријаршија? Разговараат за признавањето на Црквата во Скопје со име Охридска Архиепископија. Како што знаете, таа Црква со векови се викала Охридска Архиепископија, а во некои периоди и на Велика Бугарија. Велика Бугарија денес нема никакво место во таа јуриздикција, но именувањето на МПЦ како Охридска Архиепископија би требало да биде поздравено, потенцирал Коѕијас, посочувајќи дека Патријархот Вартоломеј, треба да биде поддржан и поздравен што придонесува за решение на еден проблем што се однесува на Црквата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...