Почетна Политичка теологија Саудиска Арабија: Поделени првите возачки дозволи на жени
Саудиска Арабија: Поделени првите возачки дозволи на жени

Саудиска Арабија: Поделени првите возачки дозволи на жени

40
0

Историски чекор во насока на рамноправност: саудискиот крал Салман есеноска со декрет ја укина забраната за возење за жени, а сега се поделени и првите возачки дозволи.

Возачки дозволи им се издадени на десет жени во Саудиска Арабија. Тие претходно положија „практичен тест“, соопшти државната агенција Сауди Прес Ејџенси. Министерството за информации би требало да им издаде возачки на уште 2000 жени во текот на наредната недела.

Видео на Твитер го прикажува предавањето на дозволите од страна на саудиските власти. „Илјадници честитики за ќерките на нашата земја“, се вели во твитот.

Некои од жените онлајн лично ја соопштија својата радост. „Денес е невообичаен ден за мене, ја добив возачката дозвола“, напиша една корисничка на Твитер. Друга пак оцени дека станува збор за „историски ден за саудиската жена“.

Саудиска Арабија е единствена земја во светот каде жените сѐ уште не смеат да возат автомобил. Кралот Салман есента 2017-та со декрет ја укина забраната и од властите побара да бидат изработени актите со кои се дозволува издавање возачки дозволи и за мажите и за жените. Забраната за возење автомобил за жените завршува на 24 јуни.

Меѓутоа, на средината од мај повеќе активистки за женски права беа уапсени. Шефицата на кампањи за Блискиот Исток на организацијата Амнести Интернешнал, Сама Хадид, на Твитер напиша: „Го поздравуваме тоа што Саудиска Арабија конечно издаде возачки дозволи, но токму жените кои со години се бореа за тоа, сега се зад решетки наместо зад управувачот“.

Саудиските власти соопштија дека во меѓувреме се „привремено ослободени“ осум од 17 уапсени жени.

/DW.COM

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *