Тутунсуз Џамијата во Скопје наскоро би можела да целосно да влезе под контрола на Исламската вреска заедница, пишува дневниот весник „Дневник“.
По долги години, ИВЗ ќе назначи свој нов имам на џамијата, со што радикалните исламски структури нема повеќе да бидат контролори на џамијата.
„Дневник“ веста ја поткрепува и со изјава на Скопскиот муфтија, кој потврдува дека процедурата е во завршна фаза.
-Чекаме само новоопределениот имам да ни ги достави потребните документи со што потоа и формално ќе биде назначен за надлежен во џамијата. Со тоа ќе се реши и тоа прашање Претходно беше извршен и избор на надлежен џамиски одбор, кој треба да се грижи за нормалното функционирање на овој исламски храм, кој се наоѓа во скопската населба Гази Баба. Редовните обреди таму се одржуваат и околу тоа се грижи главниот имам во Скопското муфтиство. Тоа значи дека како ИВЗ имаме целосна контрола околу верскиот живот во оваа џамија, изјавил за „Дневник“ Реџеп Јусуфи, Мифтија на градот Скопје.
Според сознанијата, на весникот, за нов имам во оваа џамија, која беше дел од полициската интервенција во полициската акција „Ќелија“, спроведена во август минатата година, е предложен теологот Бајрам Бехљули. Тој е теолог од помлада генерација, а претходно, на огласот на ИВЗ за ова место немаше заинтересирани имами подготвени да дојдат да работат во овој верски храм.
Инаку, ИВЗ пред извесно време постави нов имам и во Јаја-пашината Џамија, каде што управувањето со години го држеше нелегален џамиски одбор.

