Почетна Вести На Артемије му се заканува казна затвор од осум години
На Артемије му се заканува казна затвор од осум години

На Артемије му се заканува казна затвор од осум години

831
1

Рашко-призренската и Шумадиската епархија на СПЦ подлене кривични пријави протв екс владиката на СПЦ, Артемије за лажно претставување и за измама.

Српскиот дневен весник, „Блиц“, повикувајќи се на свои извори објавува дека против расчинетиот српски митрополит и неговите приврзаници  во Србија се води истрага.

СПЦ побарала од државата да го запре дејствувањето на Артемије, кој во неколку градови лажно држел литургии, крштевал и венчавал во името на СПЦ. Српската црква го терети Артемије дека на тој начин нелегално заработил најмалку еден милион евра.

-Обвинителството веќе постапува по пријатавата на Шумадиската епрархија. Сослушани се две лица од групата која е сместена во приватна куќа и во чија околина се наоѓа импровизирана црква. Тие се претставуваат како монаси. Веќе е издадена налог за забрана за користење на објектот и за забрана за дејствување. Истовремено им е предочено дека во рок од 30 дена треба да поднесат барање за регистрација. За кривичното дело лажно претставување и измама предвидена е казна и до осум години затвор, изјавиле за „Блиц“ извори од обвинителството.

Артемиеј веќе еднаш побара регистрација на неговата парацрква, но беше одбиен, со образложение дека треба да ја дополни пријавата. Законот сепак не му дозволува регистрација на идентична црковна организација како што веќе има регистрирано во Србија.

Проблематично е и учењето, за кое Артемије и неговоата група пишуваат дека е идентично со она на СПЦ.

Според информациите на „Блиц“ од надлежните институции, расчинетиот Артемије имал под контрола околу деведесет објекти во Србија. Најголем дел се пренаменети од приватни куќи во цркви, но има и голем ден новоизградени објекти.

Во Српската православна црква велат дека Артемије е расчинет и тој не смее да го користи ниту црковното име, туку морало да се ословува како мирјанин, со името Марко.

СПЦ, поради милионски финансиски малверзации со пари наменети за косовските Срби во 2010 година му го одзеде владичкиот чин, а потоа во 2015 година и го расчини.

-Тоа значи дека не само што не смее да ја носи мантијата, не смее ниту да служи, тој не смее да го користи ниту монашкото име Артемије, туку исклучиво неговото световно име, Марко Радосављевиќ, пишува „Блиц“

Коментар(1)

  1. Artemie ne e bil mitropolit, tuku obicen episkop. Tocno e deka e rascinet od strana na SPC, no isto taka tocno e deka ima golem broj posledovatili, privrzanici koi smetaat deka negovoto otstranuvanje od rasko-prizrenskata eparhija e
    nepravedno i ispolitizirano. Toj se zdobi so golem broj privrzanici koi se protivat

    na ekumenskite stavovi na vrvot na SPC, i bliskosta so papata , kako i za evropskta integracija. Smetam deka nema da bide sude, oti i srpskata javnost e podelena po prasanjeto za Kosovo, EU i papata

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *