Свештената Бигорски Обител го доби својот прв магистер по византиско пеење и музикологија, јероѓаконот Анатолиј.
Во петокот, на 2 март, отец Анатолиј на одделот за богослужение и црковна уметност, на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун, успешно ја одбранил својата магистерска теза од специјалноста по византиска музикологија.
Темата е насловена „Самогласните стихири на празникот Успение на Пресвета Богородица во византиското и поствизантиското песнотворение“.
-Нека Бог го благослови овој успех на нашиот собрат и му дарува идни благоуспевања и богоугодни дела!, велат од Бигорски

