Архиепископ Елпидофор: „Грчкоста е ослободена од национализам – православието да биде дом за сите“

Date:

Share post:

Архиепископот на Америка, Елпидофор, во интервју за весникот Realnews зборувал за повеќе клучни теми – од сѐ поголемиот број на активни православни верници во парохиите од Северна Каролина до Пенсилванија и неговата подалекусежна визија за Американската Архиепископија, до посетата на папата Лав на Константинопол, перспективите за повторно отворање на Богословската школа на Халки, визијата за Архиепископијата и др.

Коментирајќи ја средбата меѓу Вселенскиот патријарх и Папа Лав по повод 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Никеја, тој ја опишал како уште една алка во континуираните напори за приближување на Црквите: „Овој напор денес е поважен од кога било, во време кога христијанството во многу региони се намалува или дури е прогонувано. Средбата се одржува во период на геополитички тензии и растечки национализам, додека христијанските заедници на Блискиот Исток и општествата ширум светот се свртуваат кон поделби и религиозен фанатизам. Можеби токму Соборот е конкретниот одговор на овој предизвик“, нагласил Елпидофор.

Тој, исто така, нагласил дека го дели оптимизмот на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со можноста за повторно отворање на Халки теолошкото училиште во 2026 година. Открил дека за првпат постои значителна соработка меѓу службениците на Вселенската патријаршија и службениците на турските владини министерства. „Се поместивме од фазата на пријатни изјави и влеговме во фазата ајде сега да видиме како ќе го спроведеме ова‘. Тие седат на иста маса и разговараат како, во која правна рамка и во каква форма може повторно да се отвори училиштето – за да биде прифатливо и за Патријаршијата и за правниот систем на Турција“. Според него, Ердоган е единствениот претседател кој има и политичка моќ да одлучува и овластување да спроведе таква одлука во рамките на турското општество.

Конечно, осврнувајќи се на неговата визија за дијацезата на Вселенската Патријаршија во Америка, тој објаснилдека Архиепископијата брзо се развива и расте. Ова е очигледно не само од секојдневното искуство „на терен“, во рамките на парохиите, туку и од големото медиумско покривање, како што е неодамнешниот прилог во Њујорк Тајмс. „Клупите се полни. Ова лето – за првпат во нашата историја во Америка – нашите цркви не се испразнија поради одморите; тие беа пополни од кога било. Православието доживува значително обновување. Мора да се патува до копното, во оддалечените парохии, за да се види ентузијазмот за Црквата, за нашата вера и за нашата култура. Дури и таму каде што грчкиот јазик во голема мера исчезнува, грчкиот идентитет останува силен. И најважно, тоа е грчкост ослободена од национализам. Ова е визијата: православие кое е отворено, живописно, инспиративно и гостопримливо за сите.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img