Декларација на верските лидери против тероризмот

Date:

Share post:

Верските лидери на петте уставни верски заедници во Македонија, но и сите останати регистрирани верски заедници и религиозни групи, потпишаа декларација со која ги осудуваат сите форми на тероризам, преземајќи одговорност да работат на сузбивање на религискиот и секаков вид на тероризам.

-Имајќи предвид дека според светите книги човечкиот живот е дар Божји, како и дека Универзалната декларација за човековите права на ООН и меѓународните декларации и конвенции за човековите права јасно ги дефинираат принципите за недискриминација и еднаквост пред законите и правото на мисла, совеста и религијата, подвлекуваме дека занемарувањето и презирот на човековите основни права и слободи, може да донесе воени конфликти и големи страдања за целото човештво.

Од тие причини, како и поради фактот дека животот на секое човечко суштество е неприкосновен, непринуден и слободен, најостро ги осудуваме сите облици на нетолеранција, особено поради различна вероисповест и убедување. Истакнуваме дека интелектуално и морално право и обврска на секој поединец е апсолутната почит кон туѓиот избор на религиска определба и вероисповест, стои во декларацијата за осуда на тероризмот, што ја потпишаа верските поглавари, заедно со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Директорката, Валентина Божиновска вели дека оваа декларација е еден голем чекор напред за иднината на Македонија во борбата против тероризмот.

-Овој чекор, го оценувам како еден од крупните чекори во севкупната национална стратегија и на меѓународен, но и на државен план во Република Македонија за борба против тероризмот и мислам дека во иднина заедно со сите институции кои ќе ја прават програмата, дека активно ќе се вклучат и верските лидери, како институционално така и со работа со верниците. Уште еднаш го поздравувам овој гест и мислам дека согласно меѓународните ратификации на ниво на Република Македонија е еден голем чекор напред за иднината на Република Македонија во борбата против тероризмот, вели директорката Божиновска.

Со Декларацијата најостро се осудува религиски мотивираниот тероризам заснован врз различно верско убедување и се повикува на мир, толеранција, меѓусебна почит, соживот и на спречување на вакви и слични злодела во иднина, кои се спротивни на сите светски религии.

– Со потпишувањето на овој документ се покажува заедништвото на црквите, верските заедници и религиозните групи во Република Македонија и нивното коалицирање кога е во прашање борбата против тероризмот, што е содржано и во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации и меѓународните декларации и конвенции за човекови права, потенцира Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...