Мистериозно манастирско братство веќе 1700 години го чува Христовиот гроб во Ерусалим

Date:

Share post:

Братството на храмот на Гробот на Господ е православно монашко братство кое веќе 17 века ги чува и ги штити христијанските светилишта во Светата земја. Со него истовремено управува Грчката православна црква во Ерусалим, а Ерусалимскиот патријарх е одговорен и воедно е игумен на братството.

Gospodov grob 6Сè почнало 313 година кога императорот Константин Велики прогласил верска толеранција во Милано, а Христијанството де факто го воздиглал да има статус на државна религија. Неговата мајка Света Елена изградила храм на Гробот на Господ и го нашла Светиот крст на кој наводно Хростос бил распнат.

Во исто време, Свети Иларион Велики во Палестина ја вовел монашката пракса, му дал типик и го основал спомнатото братство. Во склоп на братството основал и посебен збир на луѓе кои се викаат стражари. Се работи за монаси од манастирот „Свети Константин и Елена“, кои имаат задача физички да ја чуваат капелата на Гробот на Христос, внатре во храмот и остататите свети места и да ја бранат верата. Кај капелата на Анѓелите секогаш стои по еден стражар.

Gospodov grob 5Големите искушенија почнуваат во почетокот на седмиот век кога Сасанидската империја го освојува Ерусалим, ги уништува црквите и останатите светилишта, а за заложник го зема патријархот Захариј и го зема со себе Светиот крст, кој подоцна ќе биде вратен со византиската освета.

Но, веќе во 634 година Светата земја паѓа во рацете на муслиманите на чело со калифот Омар. Тој бил поинаков од Сасанид, па сите христијански светилишта останале недопрени, како и сите привилегии и должности на братството во поглед на нивна заштита.

Gospodov grob 4За жал, наследниците на Омар не биле најдобрите муслимани, па христијаните во вековите кои доаѓале биле прогонувани, а нивните светилишта често биле уништувани и скрнавени.

Фатимидскиот калиф Хаким ибн Амрилах (чија мајка била христијанка), наречен „Нерон Египетски“, отишол подалеку со што ги натерал Евреите да носат маски кои претставуваат овновска глава со ѕвонци околу вратовите, а Христијаните да носат црно и крстови долги по еден метар. Исто така, го уништил храмот на Гробот на Господ. Калифот Али аз-Захир дозволил негова обнова.

Кога дошле римокатоличките крстоносци, латинското свештенство го избркало Братството од Ерусалим, кое се вратило дури во 1185 година. Со падот на Цариград под Османлиите, Ерусалимскиот патријарх Атанасије од Султанот Мехмед Втори добил документ со кој се потврдува дека братството е тоа кое го поседува храмот „Гробот на Господ“ и на сите останати светилишта во Светата земја.

Gospodov grobПосле обновата во 1555 година контролата над црквата на Светиот гроб постојано осцилира измеѓу фрањевците и Братството, во зависност од тоа кој бил во прилика да набави подобар ферман од Високата палата во тој момент.

Така последниот половина милениум трае константната борба меѓу Братството и останатите христијански заедници кои сите сметаат дека имаат еднакви права на користење и на пристап на светилиштата во Ерусалим, а сите имаат некакви документи со кои се потврдуваат нивните права.

Во моментов на сила е статус кво состојба која е воспоставена во 1767 година од страна на Османлиите, кои издале ферман кој ја поделил црквата на Светиот гроб, а истото е потврдено во 1852 година.

Gospodov grob 3По тој договор примарен чувар е православното Братство, но тука се и римокатоличките фрањевци и Јермените, како и Коптите, Етиопјаните и Сиријците. Секој од нив има свој дел, но постои и заеднички дел, во кој не смее ништо да биде поместено без согласност од сите.

Ова довело до тоа заедничките простории да пропаѓаат, зашто не можат да се договорат околу неопходните поправки.

Но, без разлика на сè, најзаслужно за чување на храмот на Господовиот гроб е православното Братство.

 

1 COMMENT

  1. Едно прашање до авторот на овој текст (иако не гледам каде е потпишан авторот)
    ако може да посочи и дообјасни која е врската на насловот во кој во очи паѓа терминот
    МИСТЕРИОЗНО, со содржината на самиот текст. Кое е тоа мистериозно манастирско братство?
    Да не авторот момешал некои лончиња? Јас барем не видов никаква мистериозност во текстот.
    Не сум баш сигурна дека овој портал е место за наслови со кои сака да се постигне некаква атракција!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...