Почетна Вести Пожарот во црквата на СПЦ во Њујорк е сомнителен
Пожарот во црквата на СПЦ во Њујорк е сомнителен

Пожарот во црквата на СПЦ во Њујорк е сомнителен

146
0

spc menheten 1Њујоршката полиција и противпожарните екипи го водат како сомнителен почарот во најголемата црква на СПЦ на Менхетен, која на Велигден изгоре до темел.

„Њујорк пост“ пишува дека истрагата досега покажала многу сомнителни околности за пожарот, потенцирајќи дека пожарникарите имале многу голем проблем за да го стават под контрола и изгасната пожарот.

-Пожарот беше многу силен за да причината биде запалени обични свеќи, изјавил за „Њујорк пост“, вториот човек на њујоршката противпожарна единица.

За нив особено сомнително е што тие биле на местото на настанот само неколку минути откако избувнал пожарот и во исто време тој добил голем интензитет.

За среќа во пожарот на црквата на СПЦ нема жртви, ниту повредени, но материјалната штета е огромна. Црквата стара околу 160 години е целосно уништена. Зградата е нестабилна и најверојатно ќе биде целосно урната.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *