Почетна Вести Струга се подготвува за најмасовната литија за Ѓурѓовден

Струга се подготвува за најмасовната литија за Ѓурѓовден

2.42K
0

Моштите на свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона и годинава на 7 мај, на вториот ден од празникот Ѓурѓовден ќе ја благословат Струга, означувајќи ја црковната манифестацијата што традиционално се одржува во овој град.

Илјадници граѓани и овој Ѓурѓовден ќе бидат дел од најголемата свечена литија што во орагизација на дебарско-кичевската епархија се одржува во Македонија.

litija struga 1Традиционално почнува по богослужбата во црквата „Свети Ѓорѓи“ во центарот на Струга кога ќе бидат изнесени и моштите на свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона.

Според свештениците, литијата е една прекрасна традиција, која постои во Струга уште од времето на преродбата, која е на местото од стариот храм од 16 век, кој бил урнат во времето на Османлиите.

– Во 1835 година никнал сегашниот прекрасен храм посветен на свети Георгиј, завет на светогорските зографски монаси. Тогаш благоверниот струшки народ, кој отсекогаш го почитувал и славел великомаченикот, понесен од христијанско милосрдие и љубов, на вториот ден од храмовата слава поставувал скромна трпеза на љубовта надвор од храмот и ги повикувал сите бедни, од сите националности и вери, и притоа струшките еснафи си зеле подвиг пожртвувано да им служат на сиромасите, а се грижеле и за тоа на болните, вдовиците и на сирачињата што не можеле да дојдат храната да им се однесе дома. Гледајќи го овој подвиг, никој во Струга не можел да остане рамнодушен на таквата љубов, па затоа обединети во празнувањето и христијани и муслимани, сите со голема ревност се прибројувале кон свечената литија, кога низ струшките улици со големо славје и почит била носена чудотворната икона на свети Георгиј од 16 век – објаснуваат од струшкото свештенство.

Вакви црковно-народни настани има во Русија, Украина и во Грција. Во Македонија црковната литија во живот ја врати монашкото братство на „Бигорскиот Манастир“, заедно со Архимандритот Партениј. Тие се најзаслужни и за оваа литија во Струга, која тие ја возобновија во 2010 година и веќе шестта година се одржува.

Инаку, иконата на свети Георгиј е најстарата икона од овој светец во Македонија, а се вбројува и меѓу седумте икони од 13 век пронајдени во македонските храмови.
На иконата светецот е претставен во природна големина. Во десната рака, подигната во висина на главата, држи копје. Со левата рака придржува голем штит. Облечен е во панцирна кошула. На опачината од иконата со крупни букви е испишан текст на грчки јазик, во кој се споменуваат авторот, годината на сликањето и името на дарителот.
Иконата му припаѓала на иконостасот на старата истоимена струшка црква, која била урната и на нејзино место во 19 век бил изграден денешниот централен црковен храм „Св. Ѓорѓи“.

Погледнете го овој видео запис од минатогодишната литија во Струга.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *