Немој да останеш улов

Date:

Share post:

„И одејќи покрај Галилејското море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари, и им рече: ’Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе‘. И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него“ (Матеј 4, 18–19).

Не треба да врвиме по Христос затоа што ни ветува дека ќе нè направи „ловци на луѓе“. Иако „ловците“ се најпотребни денес, тоа не би требало да биде причина за врвење по Христос – затоа што тоа не е однесување на децата Божји, туку затоа што Он прв и Единствен нè возљуби. Заслужува да оставиме сè, пред сè, својата гордост, и да тргнеме по Него без никакво ветување и без оглед колку ќе нè чини тоа.

Кој може да биде „ловец на луѓе“? „Ловец на луѓе“ може да се нарече само човек со омолитвено просветлен ум, човек со слово што извира од неговото очистено срце и кое допира до длабочината на срцето на ближниот, и човек со присуство во силата на Преобразувањето. Во негово присуство страстите се парализираат, демонот бега далеку, а неговото слово внесува несоздадена светлина, сила и надеж во срцето на ближниот.

Но, и кога „ловецот“ ќе се оддалечи од својот ближен, и кога страста повторно ќе живне во ближниот, и кога демонот повторно ќе се врати, тој не го остава сам. Тој со молитвата во своето срце ги одржува светлината, силата и надежта, односно семето на словото што го посеал во срцето на својот ближен; семето, кое во содејство со слободната волја на оној во кој е посеано и со помош на благодатта на Светиот Дух може да изрти, да порасне и да донесе плод – ослободување на срцето од страстите.

Главна овоземна цел на „ловецот“ е да создаде нови ловци, по тоа се гледа и неговата способност, а не луѓето да ги третира како улов со кој постојано ќе се краси.

Наравоучение: немој да останеш улов, стани ловец. Сѐ додека си улов, може да те улови и демонот.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...