Рамазанска вечер во Струмица

Date:

Share post:

На Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица се одржа заедничка Рамазанска Ифтарска вечера на верниците од муслиманска вероисповед.

Околу две илјади верници по зајдисонце заеднички вечераа по завршувањето на денешниот четврти ден од вкупно триесетте денови пост во чест на големиот празник Рамазан.

На заедничката Рамазанска Ифтарска вечера присуствуваше градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, градоначалникот на Босилово Зоран Зимбаков и членовите на Советот на општина Струмица.

Градоначалникот Јаневски ги поздрави присутните им посака вечерниот оброк наречен Ифтар, како чин на завршувањето на еден ден од постот, да им помине во убав и пријателски амбиент и да ви биде доволен потстрек за продолжението на Исламскиот Рамазански пост.

– За мене и за останатите гости од Општината, оваа вечер значи подобро запознавање со вашата традиција. Колку повеќе се познаваме, толку повеќе се разбираме, а колку повеќе се разбираме толку поубав ќе ни биде животот кој заеднички го живееме, истакна градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Рамазанската Ифтарска вечера ја организираа Здружението на граѓани „Дост Ели“ од Струмица, а во соработка со Општина Бајрам Паша од Истанбул,Република Турција.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...