Грчката црква се вмеша во спорот за името – Не прифаќаме друга црква да го користи името Македонија

Date:

Share post:

Црквата ниту ја одредува националната политика, ниту пак се идентификува со партиите и многу добро ја знае нејзината улога, но има право да ја изрази нејзината загриженост, вели портпаролот на Светиот синод на грчката православна црква, во интервју за грчката телевизија Скај, по острите критики што официјална Атина ги упати до ГПЦ.

Митрополит Доротеос, јавува дописникот на МИА од Атина, објасни дека нивното вчерашно соопштение е јасно и се однесува на национално прашање кои има и доста сериозна црковна димензија.

– Не можеме да прифатиме друга црква да го носи името Македонија, освен митрополиите во Македонија кои припаѓаат на грчката автокефална црква. Ова е нашата загриженост и ова го доставивме до одговорните и надлежни власти, рече митрополитот Доротеос за ТВ Скај.

Во однос на протестите што се организираат во Солун, а за кои грчкиот архиепископ рече дека е против, портпаролот на Светиот синод на ГПЦ, во интервјуто истакна дека го дели мислењето со архиепископот, но нема да му пречи ако митрополити учествуваат во демонстрациите.

И солунскиот митрополит Антимос, говорејќи за радио Солун, рече дека нема да учествува во протестите, а наместо демонстрации, митрополиите од Северна Грција, можеби ќе организираат литургија.

– Ние сме 32 митрополии и ако сакаме да се вмешаме во прашањето, ќе одржиме литургија во црквата Свети Димитрија, а потоа еден говор, но не и протест, рече Антимос за солунското радио и отфрли секаква поврзаност на црквата со демонстрациите закажани за 21 јануари во Солун.

Митрополитот Амвросиос од Митрополијата Калаврита и Егиалиа од полуостровот Пелопонез, за во петок попладне закажа вонреден состанок поради прашањето за името. Ги кани сите претставници на органите на општината да учествуваат на средбата за да разговараат и заедно да ги одредат следните активности

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...