Почетна Вести Христијанство Грчкото МНР и одговори на ГПЦ: Дали Црквата чекори заедно со Златна Зора?
Грчкото МНР и одговори на ГПЦ: Дали Црквата чекори заедно со Златна Зора?

Грчкото МНР и одговори на ГПЦ: Дали Црквата чекори заедно со Златна Зора?

216
0

Грчкото МНР и Грчката православна црква се скараа поради спорот со името. Под наслов Владата и Црквата во судир поради ФИРОМ грчкиот весник Катимерни го пренесува ставот на грчкото министерство за надворешни во форма на неколку прашања:

Дали раководството на црквата одлучи да чекори заедно со неноацистичката конструкција на Златна Зора? Дали црквата реши отворено да се меша во политиката на земјата? Ги премина границите на нејзините надлежности. Ако не, можеби да ни каже црквата и кое име го сака, за владата за тоа име да преговара со Скопје.

Црквата се меша во државни и дипломатски случаи за сериозни национални прашања од надворешната политика, а во исто време не сака државата да се меша во нејзините свети случаи.

Ваквата реакција за Катимерини ја коментира и член на синодот на Грчката православна црква кој вели: Бидејќи прашањето, освен национално и политичко, е и црковно, Министерството за надворешни работи нека ги испрати неговите прашања до главната православна црква, до Вселенската патријаршија во Истанбул, која најдобро од сите ги знае прашањата што се однесуваат на расколничката црква на Скопје, која самата се нарекува „македонска.

Синодот на Грчката православна црква по дводневната седница вчера го потврди  ставот дека не се согласува во решавањето на спорот со името да стои терминот Македонија а за тоа велат го известиле и премиерот Ципрас. Грчкиот архиепископ Јеронимос и вчера во изјава за грчките медиуми рече дека црквата има секакво оправдување да се интересира за конкретното прашање кое ги засега сите граѓани и жители на Грција.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *