Манастирот Сумела е една од најпосетените дестинации во источниот дел на црноморскиот турски регион, а неговиот несекојдневен изглед и положбата го прават прекрасен во секое време од годината, дури и во студените и снежни денови, пишува Anadolu Agency (AA).
Снегот на дрвјата, но и на карпите во кои е сместен манастирот Сумела во североисточна Турција, посетителите ги потсетува на фотографија од разгледница.
Во тек е процесот на реставрација, поради што влезот во објектот во моментов не е дозволен, но бројните посетители дури и фотографирањето од далечина го сметаат вредно за да го посетат местото.
Градоначалниот на трабзонската општина Мачка, Корај Кочхан, кој укажа на важноста на манастирот, вели дека дури и во зимскиот период ова подрачје е привлечно за посетителите.
Манастирот е сместен на стрмната страна на карпа, на височина од 1.200 метри. Се наоѓа речиси над провалија. Тоа го прави исклучително важен од географски, историски и од културен аспект, но исто така и атрактивен за туристите.
Комплексот на манастирот Сумела го сочинува пештерска црква, која е центар на целиот објект, неколку капели, кујни, студентски соби и простории за туристи, библиотека и еден извор на вода.
Тука се тесните и долги скали по кои мора да се мине. Фреските во манастирот не се присутни само во внатрешноста, туку и надворешната страна од ѕидот е целосно е со фрески.
Манастирот Сумела се нарекува уште и „проколнат“ поради маглата која во утринските часови манастирот го чини таинствен, убав, но и прилично застрашувачки.
/А.А.

