Бугарскиот патријарх не отпатува за Москва

Date:

Share post:

Бугарскиот патријарх Неофит не отпатува во Москва, иако БПЦ испрати своја делегација на Серускиот православен собор. Делегацијата на БПЦ ја предводи Ловченскиот митрополит Гаврил, а во нејзе се и дел од членовите на комисијата што БПЦ ја оформи за разговори со МПЦ и со останатите православни цркви за статусот на МПЦ-ОА.

Во Москва денеска е и српскиот патријарх Иринеј, а него го придружува Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ.

Според протоколот предвидени се средби на бугарската и на српската делегација со рускиот патријарх Кирил. Засега нема информација дали е можна и трилатерална средба меѓу РПЦ, БПЦ и СПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...