Почетна Вести Европа Патријархот на Украина: Бог ни даде држава и мора да имаме автокефална црква
Патријархот на Украина: Бог ни даде држава и мора да имаме автокефална црква

Патријархот на Украина: Бог ни даде држава и мора да имаме автокефална црква

361
0

Поглаварот на непризнатата Киевска Патријаршија Филарет ги расчисти дилемите што вчера се појавија во врска со писмото испратено до поглаварот на Руската Православна Црква и до Серускиот православен собор, во кое наводно барал прошка од рускиот патријарх. Патријархот Филарет, денеска во Киев на прес-конференција изјави дека единствено што барал од Патријархот во Москва е признавање на автокефална Украинска Црква.

-Ние постојано зборуваме дека на Украина и треба една помесна православна црква. Поради оваа цел, решивме да се помириме. Но, како што знаете, тоа не се случи, бидејќи Соборот во Москва се искористи од моето обраќање, и не го претстави како помирување и поставување на прашањето за автокефалноста, туку дека сме посакале да се вратиме во пазувите на Руската Црква. Изјавувам категорично: Никогаш не сум се покајал што го избрав патот на украинската автокефалност – тоа ниту било и нема никогаш да биде. Бог ни даде држава, и мора да постои автокефална православна црква. Ова е аксиома, изјавил Филарет.

Тој пред новинарите посочил дека оваа борба трае 25 години и кога од него побарале помирување, тој се согласил, но како што вели „за да зборуваме за автокефалноста“.

Но се случи токму спротивното, тие сакаат да не поканат на преговори за враќање во Московската Патријаршија. Сакам да му кажам прво на патријархот Кирил и московскиот епископ дека Украинската Црква никогаш нема да се врати на Московската патријаршија. Бидејќи имаме сопствена земја и сакаме своја автокефална црква , вели Патријархот Филарет.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *