Почетна Вести Христијанство ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ: Признавањето на МПЦ е прашање на време

ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ: Признавањето на МПЦ е прашање на време

894
0

Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, и портапрол на САС на МПЦ-ОА владиката Тимотеј, е оптимист дека прашањето за автокефалниот статус на Македонската православна црква (МПЦ) ќе се реши за брзо време, иако вели дека станува збор за комплицирано прашање.

Тој за Гласот на Америка кажа дека одлуката на Бугарската православна црква (БПЦ) е само чекор кон изнаоѓање начин за тоа:

Јас очекувам многу побрзо, не станува збор за години, за месец, два. Јас сум со такво чувство и таква увереност, дека ќе се реши прашањето. Српската православна црква (СПЦ) нема потреба да ја убедуваат. Има други поголеми играчи во православниот свет, кој треба да ги убедат или да ги разубедат. Тоа мислење не е само на БПЦ и на другите, но можеби другите не се подготвени тоа оро да го заиграат, вели г. Тимотеј посочувајќи дека во прилог оди и подобрувањето на политичките односи на релација Скопје-Софија.

Секоја една состојба се решава кога ќе созрее. Мислам дека е созреано, како на државно ниво да се подобрат некои релации и односи, исто така созреано е во голема мера и на црковен план, вели Владиката Тимотеј.

/ГЛАС на Америка

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *