Прегратка за мир, прегратка против омразата-вака европските медиуми го нарекоа моментот во којшто таткото на најмладата жртва од нападите во Барселона и Имамот се гушнаа. И навистина, ова емотивно видео успеа да ја испрати пораката дека сите луѓе го разбираат јазикот на болката исто како и јазикот на радоста.
Граѓаните на Шпанија секојдневно одржуваат демонстрациии за единство и мир. Вчера Барселона демонстрираше дека е град кој нема да дозволи нивните сограѓани да ги обземе грчот на омразата, туку дека тие остануваат град на мир и толеранција. Средбата помеѓу имамот Дрис Салим и таткото Ксавиер Мартинез, пак, е на демонстрациите за единство во градот Руби во близина на Барселона. Откако се сретнаа и гушнаа, и таткото и имамот заплакаа.
Синот на Мартинез имаше три години и загина во нападот во Барселона минатиот четврток кога беа убиени 13 лица, а стотина беа повреедени откако припадник на радикалниот исламски тероризам влета со комбе на познатата туристичка улица Ла Рамбла во центарот на Барселона и почна да ги гази луѓето.
/НОВАТВ.МК

