Почетна Вера ИВАНОВ: Да живееме со подготвеност да помагаме
ИВАНОВ: Да живееме со подготвеност да помагаме

ИВАНОВ: Да живееме со подготвеност да помагаме

100
0

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, aрхиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

„Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното свештенство и монаштво, да упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица и да Ви посакам во добро здравје, радост и среќа да ги поминете празничните денови“, пишува Иванов во честитката.

Веќе два милениума, како што посочува македонскиот претседател, христијаните ја сметаат Богородица за благословената меѓу жените, преку која Бог се отелотвори и стана човек.

„Овој голем епитет го добила поради нејзината понизност, трпеливост и безрезервна мајчинска љубов. Во нашиот современ модерен свет во кој понизноста се почесто се заменува со горделивост, трпеливоста со нетрпение, а љубовта со индиферентност, треба да се угледаме на Богородица, да живееме со подготвеност да си помагаме. Нека овој празник на Мајката Божја не охрабри да се стремиме за слога, почитување и разбирање на сите граѓани на Република Македонија“, истакнува претседателот Иванов.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *