Почетна Вести (ВИДЕО) Барселона: Таткото на најмладата жртва и Имамот се гушнаа
(ВИДЕО) Барселона: Таткото на најмладата жртва и Имамот се гушнаа

(ВИДЕО) Барселона: Таткото на најмладата жртва и Имамот се гушнаа

244
0

Прегратка за мир, прегратка против омразата-вака  европските медиуми го  нарекоа моментот во којшто таткото на најмладата жртва од нападите во Барселона и Имамот се гушнаа. И навистина, ова емотивно видео успеа да ја испрати пораката дека сите луѓе го разбираат јазикот на болката исто како и јазикот на радоста.

Граѓаните на Шпанија секојдневно одржуваат демонстрациии за единство и мир. Вчера Барселона демонстрираше дека е град кој нема да дозволи нивните сограѓани да ги обземе грчот на омразата, туку дека тие остануваат град на мир и толеранција. Средбата помеѓу имамот Дрис Салим и таткото Ксавиер Мартинез, пак, е на демонстрациите за единство во градот Руби во близина на Барселона. Откако се сретнаа и гушнаа, и таткото и имамот заплакаа.

Синот на Мартинез имаше три години и загина во нападот во Барселона минатиот четврток кога беа убиени 13 лица, а стотина беа повреедени  откако припадник на радикалниот исламски тероризам влета со комбе на познатата туристичка улица Ла Рамбла во центарот на Барселона и почна да ги гази луѓето.

/НОВАТВ.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *