Лидерот на Ислмаската заедница во БиХ бара посебен статус за Сребреница

Date:

Share post:

Поглаварот на Исламска верска заедница во Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ, по локалните избори во БиХ на кои во општината Сребреница победи српскиот кандидат Младен Грујичиќ, што Бошњаците одбиваат да го прифатат, смета дека таа општина мора да добие посебен статус во рамки на БиХ.

reЛидерот на босанските муслимани во изјава за сараевскиот весник „Дневни аваз“ потврди дека е потписник на писмото со ваква идеја, кое е упатено до високи официјални претставници на ОН, Европската унија и САД, меѓу кои се и американскиот претседател Барак Обама и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Идејата, која по локалните избори беше промовирана во јавноста, е Сребреница да биде прогласена за дистрикт како Брчко.

Кавазовиќ изјави дека Република Српска до сега кон Сребреница не покажувала ништо освен „негирање на геноцидот и понижување на нашиот народ преку различни форми на притисок и кршење на правата на Бошњаците и Хрватите“.

– Никогаш нема да се помириме со тоа. Република Српска не покажува демократски капацитети и владеење на правото со величање на воените злосторства од избраните претставници, од општините до ентитетските власти, па и до највисокот претставничко тело, Народното собрание на РС, рече Кавазовиќ.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...