Почетна Вера По 104 години, џамијата „Хајдар Кади“ во Битола отворена за верниците
По 104 години, џамијата „Хајдар Кади“ во Битола отворена за верниците

По 104 години, џамијата „Хајдар Кади“ во Битола отворена за верниците

306
0

По извршената реставрација со помош на Генералниот директорат на фондации при Владата на Турција, во Битола, по 104 години за верниците е отворена џамијата „Хајдар Кади“, која во османлискиот период имала централна позиција, јавува Anadolu Agency (AA).

Вицепремиерот на Турција, Кајнак, на отворањето потенцирал дека овој објект стар 450 години, по 104 години повторно ги отвори своите врати за верниците.

dzamija-9-Јас сум возбуден од престојот на Балканот, бидејќи во 600-годишното постоење на османлиската држава, таа на Балканот опстанала 550 години. Граѓаните на Турција имаат соседи кои се иселеници од Балканот, имаат роднини на Балканот или пак имаат убави спомени, изјавил Вицепремиерот на Турција

dzamija-7Кајнак кој потсетил дека во периодот кога Султан Мехмет ја напуштал Босна, издал указ никој да не биде вознемируван, „Турција продолжува да биде ‘соба за мир’“

-Додека денеска ја доживуваме радоста од повторното отворање на џамијата ‘Хајдар Кади’ во Битола, Генералниот директорат на фондации во Едрене врши реставрација на најголемата еврејска синагога во Европа, додека во Дијарбакир се врши реставрација на најголемата ерменска црква, бидејќи ние сме наследници на една таква цивилизација, и каде и да има некој споменик оставен од нашите предци, наш долг е ние тоа да го обновиме, изјавил Кајнак.

dzamija-8Македонскиот вицепремиер, Фестим Халили, во својот говор го истакнал пријателството меѓу двете земји и народите.

-Има многу историски нешта што нѐ поврзуваат. Ви се заблагодарувам во името на Република Македонија за вашиот придонес во реставрирањето на оваа џамија. Секогаш ќе бидеме отворени за овој вид на соработка. Се надевам дека ова нема да биде последна џамија што ќе биде реставрирана“, рече во своето обраќање вицепремиерот Халили.

dazamija-3Претседателот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи ја потенцирл историската важност на оваа џамија.

-Сакам да упатам поздрав до претседателот на Турција, Ердоган. Се молам Господ да му дари здравје, сила, позитивна енергија. Сите муслимани стојат зад него, изјавил Реџепи.

Џамијата „Хајдар Кади“, која е позната како „Балканска принцеза“, со петочната молитва по 104 години повторно е отворена за верниците.

dazamija-1На отворањето на историската џамија во Битола присуствуваа вицепремиерот на Република Турција, Вејси Кајнак, вицепремиерот на Македонија Фестим Халили, претседателот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи, пратеникот на АК Партијата од Истанбул и претседател на Парламентарната група за пријателство меѓу Турција и Македонија, Хусеин Бурге и директорот на Директоратот на фондации при Владата на Турција, Аднан Ертем, каако и останати гости.

/А.А.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *