Почетна Вести ИВЗ одбележа 80 години од првиот Устав
ИВЗ одбележа 80 години од првиот Устав

ИВЗ одбележа 80 години од првиот Устав

83
0

Исламската верска заедцница одбележа 80 години од нејзиниот Устав како највисок конститутивен акт за нејзиното фукционирање од 1936 до 2016 година.

Минатат недела на Факултетот за исламски науки во Кондово, највисоката верско-образовна институција на ИВЗ, бил одржан научен собир на тема „80 години од уставноста на ИВЗ“. Научниот собир го отворил Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, а на конференцијата зборурувале голем број исламски теолози.

Главната цел на конференцијата е  да се покаже институционалното дејствување на ИВЗ во годините од усвојувањето на нејзиниот прв Устав во 1936 година. Истовремено на конференцијата било разговарано и за придонесот на ИВЗ и нејзините водачи за развојот на верскиот живот во Македонија.

На конференцијата се зборувало и за предизвиците на Исламот, како и з аголем број прашања кои се однесуваат на работењето на ИВЗ во периодот од усвојувањето на првиот Устав.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *