Чудо на моштите на Св. Лука – двајца исцелени на Кипар

Date:

Share post:

Кипарската Православна Црква објави за чудата што се случија со верниците за време на престојот на моштите на Св.Лука Кримски на Кипар. Кивотот со честичка од моштите бил донесен од Крим за поклонение на верниците на Кипар. Светињата пребивала на островот од 31 мај до 14 јуни.

lukaaКако што раскажа Митрополитот Тамасоски и Оринијски Исаија во писмото кон Митрополитот Киевски и на цела Украина Онуфриј, една жена две недели пред пристигнувањето на светите мошти, го видела на сон Светителот кој ја известил за болеста што таа не ни знаела дека ја има и ѝ кажал дека ќе ја исцели кога кивотот со мошти ќе пристигне во селото Св. Варвара на 1 јуни.

„Жената посетила лекар кој ја потврдил дијагнозата на болеста. Таа се исцелила, како што самата нѐ извести, во времето кога светињата се наоѓала во храмот“, се вели во писмото.

Второто чудо се случило со три годишно дете кое страдало од леукемија.

„Неговиот татко безуспешно се трудел да најде соодветен донатор за пресадување на коскената срж. Тие присуствувале на молебен кон Светителот, и следниот ден се нашол соодветен донатор“, пишува Митрополит Исаија.

/ИНТЕРФАКС

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...