Еврокомисијата започна информативно просветителска кампања против дискриминацијата на ЛГБТ – заедницата. Списокот на мерки во рамките на кампањата е поддржан од Европскиот Совет, кој донесе специјален правен акт за зголемување на социјалната прифатеност на оваа група на население, се соопштува во комуникето.
„Со растот на дискриминацијата најзагрозените општествени групи треба да добијат најактивна политичка заштита на нивните права. Нашата кампања треба да постигне справедливост, општествена прифатеност и рамноправност на ЛГБТ заедницата во Европа и ќе го привлекува вниманието на заинтересираните страни на сите нивоа – од невладините организации, до државните власти и медиуми“, изјави членка на Еврокомисијата во однос на правдата, потрошувачките права и родовата рамноправност.
Претставници на Сесветскиот Христијански Совет истапија со изјавата дека веќе не се дозволува искажувањето на христијанските вредности.
„Изјавата на оваа членка покажува до што дојдоа луѓето коишто му наметнуваат на современото општество севозможни сексуални перверзии. Сесветскиот Христијански Совет долго време се бори со обидите да се изопачи она што Бог го внел во основата на човечките заемни односи“, изјави раководителот на администрацијата на Христијанскиот Совет. „И она што се случува во Европа е насочено против сите кои не сакаат да отстапат од фундаменталните христијански вредности. Станува збор не за рамноправност туку за обидите на ЛГБТ активистите да го изменат моралниот лик на луѓето, да му ги наметнат на општеството своите вредности. Тоа е една добро промислена стратегија, кога луѓето коишто го поддржуваат традиционалното семејство се нарекуваат гонители, а сексуалните малцинства – жртви“.
„Здраворазумската заедница е загрижена поради зголемувањето на влијанието на ЛГБТ заедницата по целиот свет. Родителите се грижат да ги спасат децата од она што се случува денес во сферата на семејните односи, од активната пропаганда на еднополовите бракови, засилена со учеството на правните структури на Европа и САД. Тоа уште еднаш покажува до каков апсурд може да доведе таканаречената толерантност“, додаде раководителот. „Денес ЛГБТ – лобито ги повредува правата на Христијаните по целиот свет, се труди да ги принуди да ги примат тие вредности кои од гледна точка на Светото Писмо се развратни. Сесветскиот Христијански Совет ги повикува сите луѓе со добра волја, кои ги поддржуваат традиционалните морални начела и моралот, цврсто да ги бранат своите ставови“.
/ИНТЕРФАКС превод/ БИГОРСКИ