Почетна Вести Русија: Почна да мироточи иконата на Св. Пантелејмон

Русија: Почна да мироточи иконата на Св. Пантелејмон

461
0

Во Сретенскиот женски манастир мироточи икона на Св. Вмч и исцелител Пантелејмон со честица од неговите мошти. Чудото се случило откако во средината на јули, со благослов на настојателката на Сретенскиот манастир, игуменија Ники, иконата била донесена за поклонение во храмот при домот за инвалиди во градот Улан Уде.

MAN 1Капки маслена течност се појавиле на иконата уште пред две години. Кога иконата се вратила во Обителта од домот за инвалиди, мирото веќе течело од градите па дури и од четкичката во раката на Вмч. Пантелејмон. Маслото го покрило целиот лик и се собрало при дното на иконата.

Олга, монахиња на Сретенскиот манастир во село Батурино вели: „Навистина многумина знаат дека тој за време на својот живот бил лекар, бидејќи кон него се обраќале со молби за исцеление на телесните болести“.

„За да не се создаде неугодна еуфорија во врска со ова чудо, игуменијата и сестрите на манастирот се труделе да не го објавуваат, но според Евангелието, не може да се сокрие град кој стои на врв на гората, така и фактот за ова чудо не можеше да се сокрие. Во моментов иконата се наоѓа во олтарот на долниот Параклис“, изјави Митрополит Саватиј.

/ПРАВОСЛАВИЕ.РУ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *